Настани fzf

10 август, 2015

Трето издание на „Free Zone Festival“ во Скопје

„Иноватива груп“ и оваа година најавува „Слободна фестивалска зона“ (Free Zone Festival“, која ќе се одржи под мостот Близнаци, на кејот во општина Аеродром. Настанот е закажан за 29 август (сабота), со збогатена и проширена програма, а од „Иноватива“ најавуваат артисти од САД, Куба, од Eвропа и Балканот. Фестивалот е од јавен карактер, отворен за сите посетители, без влезна карта.

Оваа година „Free Zone“ жанровски е поделен на хип-хоп, реге и денс музика. Со почеток од 21.00 часот, публиката повторно ќе има можност да се забавува сè до раните утрински часови, а за одличната атмосфера ќе се погрижат хип-хоп и ар-ен-би дивата Truth Hurts (САД), Gramophonedzie (Србија), Julijana (Куба), Jahmmi Youth (Бугарија), DJ Makeey (Австрија), DJ Djantrix (Македонија), а листата ќе биде дополнета со уште диџеи од Македонија, Европа и Балканот.

Во продолжение слушнете дел од хитовите на артистите кои ќе настапат на третото издание на „Слободната фестивалска зона“!

 



Врати се горе ↑