Аудио slika1

19 март, 2014

Трета песна за Дарко Стојчев и Леа

Од денес на YouTube, како и на локалните радио станици ќе имате можност да ја чуете новата песна на Дарко Стојчев и Леа, насловена „The Story of My Friends (Приказната за моите пријатели)“. Иако започна како наменска соработка за една песна, скопскиот безимен состав продолжува да твори. По „Whatever“ и „Eyes on the Prize“, ова е нивна трета заедничка песна. За себе велат дека не им се битни називите и дека единствено, сакаат нивната музика да допре до што е можно повеќе вистински слушатели.

Во оваа песна се појавуваат Леана Таќи – Леа како вокал и текстописец, Дарко Стојчев во улога на композитор и гитарист, Стефан Стојчев на бас, Дамјан Даневски на тапани и Наум Александровски на втора гитара. Песната е снимена во студиото MarryPhat на Ивица Јанкуловски – Штраф, а фото-сесијата за оваа прилика ја направи Никола Спасеноски.

 



Врати се горе ↑