Настани 355da8d7-16a2-4575-b2ca-d9eab6f0d2fd

12 август, 2014

Трет дополнителен ден на Аква Парк Фест и 72 часа музика без престан!‏

Аква Парк Фестивал оваа година доаѓа со уште побогата програма распределена во вкупно три фестивалски дена со повеќе од 30 изведувачи. Покрај 28 и 29 август, фестивалските доживувања на Аква Парк Фестивал годинава продолжуваат и на 30 август кога на фестивалските бини ќе се претстават бројни македонски и регионални диџеј артисти и претставници на електронската музика.

Но и тоа не е сè! Покрај дополнителниот трет фестивалски ден, новина за второто издание на Аква Парк Фестивал е дека музичката програма на фестивалот ќе се одвива 72 часа без престан, на три фестивалски бини.

Во четврток, на 28 август откако во 09.00 часот ќе биде отворен влезот во фестивалскиот камп, на пладне започнува музичката програма со изведувачите кои ќе настапат на дневната бина лоцирана во самиот Аква Парк. По завршувањето на дневната програма кулминацијата на фестивалската забава нè очекува со бројните изведувачи на главната фестивалска бина, чија програма ќе трае сè до раните утрински часови. Но дури и по завршувањето на овие настапи, најупорните фестивалџии и ранобудните кампери ги очекува „Афтер Парти“ (After Party) бината, каде што од 06:00 часот наутро, па сè до пладне забавата ќе продолжи на идеалното место за релаксирање, покрај базенот и мрзливата река во Аква паркот.

Од 28 до 30 август во Пробиштип, подгответе се за три фестивалски дена, повеќе од 30 изведувачи, 72 часа музичка програма, кампинг, спуштање по тобоган, „стејџ дајвинг“ во базен и безброј фестивалски доживувања на Аква Парк Фест!

Наскоро очекувајте ја и целосната програма за сите бини на фестивалот.

Влезниците за АКВА ПАРК ФЕСТ се достапни во продажба по промотивни цени од:
* 400 денари за дневните влезници за четврток и петок,
* 200 денари за влезниците за сабота,
* 700 денари за тридневните фестивалски влезници, кои вклучуваат бесплатно камп место.
Покрај тоа, сите видови влезници вклучуваат бесплатна влезница за Аква паркот за денот за кој важат и купените влезници.

Промотивните влезници се во ограничен број и ќе бидат достапни во продажба само до 21 август 2014, во продажната мрежа на МКтикетс.

„ГРАМОФОНЏИЕ“ ја надополнува музичката програма со два различни настапи на АКВА ПАРК ФЕСТ

Покрај веќе најавените изведувачи од програмата на главната фестивалска бина,Аква Парк Фестивал ќе има задоволство да го угости и регионалниот миленик на вљубениците во електронската музика – „ГРАМОФОНЏИЕ“ (GRAMOPHONEDZIE). Mузичкиот продуцент и диџеј од Србија, кој ги освои светските фестивалски бини и европските топ листи со синглот „Why Don’t You“ доаѓа со два разлчини настапи во рамки на Аква Парк Фестивалот!

 

Марко Милиќевиќ, повеќе познат како „ГРАМОФОНЏИЕ“ е ретко име од регионалната електронска музичка сцена кој изминатите неколку години забележа огромен глобален успех. Сепак, кариерата на Марко започна речиси декада пред неговиот светски пробив. На самите почетоци на новиот милениум тој доби шанса да учествува во „Ред Бул Музичката Академија“ во Ирска како еден од најголемите музички таленти од регионов, по неговата победа на ремикс натпреварот. За него тоа беше искуство кое го промени неговиот животен пат и по кое стана дипломец на студиите за дизајн на звук и музичка продукција на белградската „Академија за уметност“.  Во 2009 година пак, се појави нумерата „Why Don’t You“ која во истиот момент стана и најголем хит од овој музички жанр во Србија. Набрзо, песната во своите регуларни плејлисти ја вклучија и ветераните на хаус музиката, како што се Луи Бега, Ерик Морило и Денис Ферер. Само по првата недела од објавувањето, синглот „Why Don’t You“ стигна на 12. место на официјалната британска топ листа, оствари голем успех ширум Европа искачувајќи се во топ 20 листите во Белгија и Холандија, додека спотот за овој сингл собра повеќе од 6 милион прегедувања на „Јутјуб“ каналот. Благодарение на овој успех, следуваа успешни светски турнеи на големите фестивалски бини, синглот се најде на најзначајните меинстрим листи и радио станици, му донесе гобална слава и договори со големите издавачки куќи, како и „Ем-ти-ви“ награда. Без разлика на овој огромен успех, „Грамофонџие“ не продолжи да се повторува, туку со своите следни изданија, како боса нова обоениот сингл „Brazilian“, диско хаус синглот „Number One“ кој беше најпродаваниот на „Битпорт“, како и џези изданието „No Sugar“ и синглот „Out Of My Head“, ја покажа својата артистичка разноликост и покажа дека неговиот звук е многу повеќе еклектичен.

Во својата диџеј кариера, Марко беше поддршка и на бројни големи диџеј имиња на нивните настапи во Србија. Боб Синклер, Дејвид Моралес, „Д Шејпшифтерс“, „Бејзмент Џекс“, Том Нови, Аксвел и Роџер Санчез се само дел од нив.

„ГРАМОФОНЏИЕ“ на АКВА ПАРК ФЕСТИВАЛ доаѓа со два настапи на кои ќе претстави различни сетови, првиот фестивалски ден на „Афтер Парти“ бината, додека пак неговиот настап на главната бина е закажан за втората фестивалска вечер, во петок (29 август 2014).

Покрај него, на главната фестивалска бина веќе се најавени настапите на Јорис Ворн, Тимо Мас, „Дубиоза Колектив“, „Фанкермен“, „ПМГ Колектив“, „Паркети“, „Флудер“, „Дивизија“ за првата вечер (четврток, 28 август), како иЏон Дигвид, Дарен Емерсон, „Бед Копи“, „Дисциплин А Кичме“, „Хардфејсд“, „Елементал“, „Прок & Фитч“ за втората фестивалска вечер (петок, 29 август).

Наскоро очекувајте нови изведувачи и повеќе информации за АКВА ПАРК ФЕСТИВАЛ 2014!

Следете нè на www.aquaparkfest.com



Врати се горе ↑