Настани 10154179_10152350217503698_1398162371_n

3 април, 2014

Треска на саботната вечер: Афроџек на Денс Арена!

ЕГЗИТ ДЕНС АРЕНА го претставува третиот ден на возбудливи „бек ту бек“ сетови по повод 15-тото издание на фестивалот! По „Дисклоужр Вајлд Лајф“(Disclosure Wild Life) вечерта со која ќе бидат отворени ЕГЗИТ фестивалот и Денс Арената, како и специјалната „Карл Кокс вс. Френдс“ (Carl Cox vs Friends) вечер, која нè очекува во петок, во ударниот ден на фестивалот, сабота вечер на 12 јули, ќе се претстави еден од најпопуларните светски диџеи, гордиот сопственик на Греми награди и електронскиот глобтротер, славниот АФРОЏЕК (AFROJACK)! Нему, со неверојатен „бек ту бек“ настап ќе му се придружи холандскиот вундеркид КВИНТИНО (QUINTINO), а треската на саботната вечер на ЕГЗИТ фестивалот ќе ја надополнат МАСЕО ПЛЕКС вс. ДЕНИ ДЕЈЗ (MACEO PLEX VS DANNY DAZE), ТИГА вс. ДЈ ХЕЛ (TIGA VS DJ HELL) и ХАЈДИ вс. КИМ ЕН ФОКСМАН (HEIDI VS KIM ANN FOXMAN)!

АФРОЏЕК е еден од најтиражните изведувачи на денешницата, а воедно можеби и највлијателниот диџеј и ЕДМ продуцент. Зад себе има Греми награда, три години по ред се наоѓа во топ 10 најдобрите диџеи според сите релевантни диџеј листи, а на Форбс листата на најплатени диџеи на платената се наоѓа на седмата позиција со запрепастувачка заработка од 18 милиони долари во 2013 и тоа на само 26 години! Особено е популарен помеѓу женскиот дел на публиката, па така на неговиот шарм не му одолеа ниту Парис Хилтон, со која се забавуваше едно време. Одличната трака „Selecta“ го спои младиот холанѓанец со својот сонародник, напредниот Квинтино, па нивниот заеднички АФРОЏЕК вс. КВИНТИНО сет ќе покаже зошто електро денс музиката има толку битно место во популарната музика на денешницата.

 

МАСЕО ПЛЕКС вс. ДЕНИ ДЕЈЗ се пронајдоа во заедничкиот порив да ги натераат луѓето на танц. Кубанското потекло на Масео Плекс совршено се вклопи со кубанските влијанија кои покрај итало диското и техно стилот, исклучително се чувтствуваат во сетовите на Дени Дејз. Ова дуо кое веќе има соработувано и објавувано траки под заедничкиот псевдоним „Џупитер Џез“ (Jupiter Jazz) дефинитивно претставува во моментов најбараната тенденција во електронската музика, посебно откако станавме сведоци на тивкото, но сигурно инфилтрирање на тек и дип хаус звукот во мејнстрим струите.

Ветивме дека во чест на 15-тиот јубилеј на Егзит ќе подготвиме ексклузивни „бек 2 бек“ сетови на Денс Арената, но успеавме и повеќе од тоа – нашиот фестивал ќе биде местото каде што се спојува неспоивото, каде што електронските колоси кои никогаш не настапувале заедно прв пат ќе застанат зад истиот микс-пулт, а тие колоси се ни повеќе ни помалку, туку ТИГА вс ДЈ ХЕЛ! Тига, авторот на планетарните хитови „Sunglasses аt Night“ и You Gonna Want Me, големиот пријател на фестивалот и секогаш со задоволство пречекуваниот гостин, ќе се соочи со сопственикот на етикетата „Интернешнл ДиЏеј Жиголос“ (International DeeJay Gigolos) и еден од најкреативните и најдобрите германски диџеи на сите времиња, големиот диџеј Хел.

 

Годинава имаме чест да угостиме две исклучително вредни и неодоливи дами со заедничка љубов кон подиумот и хаус музиката – ХАЈДИ вс. КИМ ЕН ФОКСМАН. За да ја почувствувате незаситната страст која Хајди ја негува кон музиката, доволно е да ја чуете нејзината емисија на „Би-би-си Радио 1“ или да посетите една од многубројните „Џекатон“ (Jackathon) журки кои ги организира ширум светот. Ако не сте во таква можност, Денс Арена ќе ви го пружи тоа задоволство. Ким Ан Фоксман на некои им е повеќе позната како поранешен член на одличниот бенд „Херкулес & Лав Афер“ (Hercules & Love Affair), но во изминатите неколку години таа е стопроцентно посветена на настапите од Токио преку Келн до Чикаго, истовремено пласирајќи се како еден од најинтересните изведувачи на хаус сцената.

 



Врати се горе ↑