Балкан 1057214_840677342626017_2130099483_n

10 март, 2014

„Тремендум“ Ви претставува „Антропоцентричен поредок“

Тремендум е рап  ( Rhyme And Poetry ) состав од српскиот град Ваљево, основан во 2010 година, а во него членуваат Жељко Мишковиќ ака UndergroundSun, Николина Ниниќ, Дарко Ѓукиќ ака. Црна Нула и Петар Ниниќ ака. Ткач. „Музиката која ја изведуваме е комбинација од различни музички правци – од брејк бит до џез. Целиот наш идеен концепт и тематски и музички излегува надвор од рамките на хип хоп музиката, што е последица од разни животни околности, наслушнувања и трагања на разни страни. Нашите идеи и доживувања на реалноста се прелеваат во зборови и мелодија, животот се прелева во музика и музиката станува живот. Нашиот прв албум ’Пут и крај’ се наоѓа во завршна фаза на изработка и наскоро ќе се најде во продажба. Песната која го најавува овој албум, а за која е снимен и видео запис е темата ’Антропоцентрични поредак’“ – велат членовите на овој состав. За реализацијата се заслужни: Небојша Јокиќ – камера, режија и видео монтажа, Горан Виторовиќ и Урош Томиќ – микс и мастеринг, CV Sook – композитор на музиката.

За да Ви стане јасно за што точно се зборува во песната, прочитајте го образложението во продолжение:

„Темата која е обработена во „Антропоцентрични поредак“ е односот на општеството и поединецот во кој патолошкиот индивидуализам на поединецот го оневозможува функционирањето на општеството како заедница, додека од друга страна, т.е. „одозгора“ оние кои имаат власт во еден полицентричен однос на моќта и влијанието, подлежат на опасност да не ја искористат својата власт како борба за подобрување на својата заедница, туку сопствената положба ја користат за лични интереси, а на штета на заедницата која ги довела на власт. Причината за овие појави песната ја објаснува со самиот наслов – Антропоцентричен поредок. Тоа е поглед на светот кој најдобро го објаснува митот за Нарцис. Самозаљубеноста го доведува човекот до неговото страдање. Ставањето на човекот на божествен пиедестал остава последица на свет раскинат на толку центари колку што има луѓе кои живеат со мотото: „Мојата волја е мојот единствен закон.“ Кога таков човек ќе дојде на позиција на моќ кадешто се носат големи и важни одлуки за целата заедница, а ја има сопствената волја како единствен закон, тоа всушност претставува уништување на сите демократски начела кон чие остварување се стреми нашата цивилизација. Ставањето на личните интереси пред општествените одговорности е мода на денешницата оправдана од нихилистичкиот поглед на светот. „Мое и јас“ – тоа е центарот на кој му е подредено сето останато што постои. Светот и луѓето стануваат средства наместо да бидат чуда кои ги запознаваме со воодушевување. Светот е неверојатен и во својата суровост и убавина. Антропоцентричниот поредок на крајот ќе резултира со губење од вид на убавината на постоењето. Светот станува само луда трка да се нахрани бескрајната глад на патолошкиот индивидуализам, чија наслаба точка е токму конформизмот, отсуството на секаква потреба за пожртвување за другиот. Кога конформизмот напредува, општеството станува маса, чудесност и непредвидливоста на човековото битие се губи и човекот почнува да личи на машина, предвидлив, фунционира подреден на начелата на конформизмот – „мое и јас“ и на тој начин лесно станува жртва на репрограмирање и социјален инженеринг на оние чие „мое и јас“ има неспоредливо повеќе моќ во сопствените раце.“

 



Врати се горе ↑