Балкан 10261835_864896186870799_357040249_n

17 април, 2014

„Тремендум“ конечно ќе го објави деби албумот „Пут и крај“

По 3 години креативен хаос и незаборавни авантури, првиот албум на рап составот „Тремендум насловен „Пут и крај“ е веќе завршен и ќе биде објавен во петок, 18 април, под етикетата на Lampshade Media. Сите песни ќе бидат достапни за преслушување на музичкиот сервис „Deezer“. На албумот има вкупно 14 нумери, а како автори се потпишуваат дежурниот виновник Дарко Ѓукиќ ака Црна Нула, Милош Михаиловиќ ака Сv Spook и Драгутин Чулиќ ака Дон Дада. Големиот господар за звукот, односно одговорниот за микс и мастеринг е продуцентот Горан Виторовиќ. Двата мајстори за церемонии кои ги даваат зборовите во секоја песна на албумот се Петар Ниниќ ака Фобосомат ака Сиви Вук и Жељко Жељко Мисковиќ ака АндерграундСан ака Сребрни Змај. Четвриот човек на „Тремендум“ – женскиот вокал е Николина Ниниќ и на крајот тука е и скреч мајсторот диџеј БКО.

На албумот „Пут и крај“ ќе слушнете и многу гости. Тука се 3мен, Бизи, Бошко, Канџија, Баз, Марчело, Ковлај, Дон Дада… Групата „Тремендум“ Ве поздравува сите со следните зборови: „Ова е екипа која доаѓа да објасни“ и Ве поканува на ексклузивно преслушување на новиот албум во петок пред излегување, па следниот ден повторно и повторно и повторно…

 



Врати се горе ↑