4 февруари, 2015

„Тремендум“ ќе Ви раскажат за „Сè што сакаат младите“

Српската рап група Тремендум, која минатата година Ви го претстави својот „Антропоцентричен поредок“, неодамна објави видео запис за темата „Све што воле млади“, која ја изведува Петар Никиќ ака Ткач. Екранизацијата ја реализираше продукциската куќа „Tree of Life“ од Ваљево, а за режијата за погрижи филмскиот режисер Александар Саша Чубровиќ.

„СУПЕРХЕРОИТЕ ОСТАНАА БЕЗ РАБОТА

Ова е песна за времето во кое суперхероите останаа без работа бидејќи луѓето почнаа да ги слават злобниците како суперхерои. Богатите, арогантни злобници без срам и совест, на луѓето има дадоа ефтина забава и малку шаренило, т.е. леб и игри, а потоа луѓето ги засакаа тие злобници како свои добротвори. Пожртвуваноста на хероите стана предмет на потсмев и со текот на времето почна да се смета дека тие суперхерои се наивни и непотребни во општеството, кое сака да напрадува кон посветла иднина. Стана недозволено и бесмислено да се слават хероите од минатото и да се огледуваме на нивните доблести. Честа, пожртвуваноста, племенитоста, скромноста, храброста станаа непосакувани особини во светот кој сè помалку наликува на човечки, а сè повеќе на свет од ноќните мори. Светот ги замрази оние кои ја зборуваат вистината, а ги засака оние кои му ласкаат и кажуваат убави лаги. Дали е тоа светот кој го сакаат младите? Дали е тоа сè што сакаат младите?, со овие зборови е најавена новата песна на „Тремендум“, а како звучи и изгледа сето тоа можете да погледнете горе.



Врати се горе ↑