Свет

27 октомври, 2018

Трејси Чепмен ја тужи Ники Минаж

Американската фолк, поп и соул-пејачка Трејси Чепмен поднесе обвинение против Ники Минаж, тврдејќи дека рап-ѕвездата без дозвола искористила примерок од нејзина песна. Имено, за својот нов албум „Queen“, Минаж го снимила дуетот со Нас насловен „Sorry“, кој е направен врз основа на познатиот хит на Чепмен од 1988 година, „Baby Can I Hold You“.

Според обвинението, Минаж повеќепати се обидела да добие дозвола од Чепмен, но иако 54-годишната пејачка упорно одбивала, Ники сепак ја снимила песната, а иако на крајот не ја ставила на албумот, снимката била емитувана на њујоршко радио во емисијата на познатиот диџеј Фанкмастер Флекс.

Четирикратната добитничка на Греми, која е позната и по хитови како што се „Fast Car“ и „Give Me One Reason“, освен забрана за јавно емитување и објавување на песната, од Минаж бара и финансиска оштета.

 



Врати се горе ↑