Балкан transfer-blama

23 јуни, 2015

„Трансфер блама“ го објавија новиот албум „Инкубатор звука“

Српскиот панк-рок состав „Трансфер блама“, за кого Ви пишувавме неодамна, конечно го објави својот долгоочекуван албум насловен „Инкубатор звука“. Изданието се снимаше во студиото „Парадокс“ кај Срѓан Бранковиќ од „Аналогија“, а содржи седум песни, вклучувајќи го најавниот сингл „Воз“.

Новиот албум на момците од Пожаревац во дигитална верзија можете бесплатно да го симнете преку долунаведениот линк, физичкото издание се очекува наскоро, а ќе може да се купи, односно порача и преку нивната фан страница на Фејсбук.

„Трансфер блама“ – „ИНКУБАТОР ЗВУКА“

Бендот ќе го промовира новиот материјал на бројни летни фестивали ширум регионот, а наскоро ќе го претстават и видео записот за темата „Летњи хит“.

И.Ј.



Врати се горе ↑