Свет

19 ноември, 2018

Трамп потсхумно го награди Елвис со медал на слободата

Американскиот претседател Доналд Трамп постхумно му додели едно највисоките признанија на кралот на рок-музиката Елвис Пресли. Госпел-песната што ја изведуваше Пресли, „How Great Art Thou“, одекна во Белата куќа во чест на легендарниот музичар, кој го доби претседателскиот „Медал на слободата“, а Трамп се присети на еден од неговите концерти, на кој присуствувал пред неколку децении. „Публиката буквално врискаше цело време“, рече тој.

Меѓу наградените се најде и покојната бејзбол-легенда Бејб Рут.



Врати се горе ↑