Видео

26 јули, 2019

Трамп лут на Шведска заради раперот Ејсеп Роки

Американскиот рапер Ејсеп Роки (30) е обвинет за сериозен напад во Шведска откако наводно учествувал во улична тепачка, поради што ќе остане во притвор до судењето, соопшти денеска канцеларијата на шведскиот обвинител. Реперот, продуцент и модел со потекло од Харлем, чие вистинско име е Раким Маерс, е во притвор од 3 јули заедно со двајца членови на неговиот тим поради тепачка што се случилa во Стокхолм на 30 јуни, по негов концерт, објави агенцијата „Ројтерс“.

 

Во целата ситуација се обиде да вмеша прсти и американскиот претседател Доналд Трамп, како што пренесуваат американските медиуми, по предлог на првата дама Меланија Трамп и музичарот Канје Вест со сопругата Ким Кардашијан Вест. Тој на социјалните мрежи откри дека разговарал со шведскиот премиер Стефан Лофвен, но бил разочаран што тој не можел да дејствува врз настаните.

„Шведска ја разочара нашата афроамериканска заедница во САД“, оценил Трамп, додавајќи дека Ејсеп Роки го следат и го малтретираат.

„Дајте му ја слободата на Ејсеп Роки. Ние правиме толку многу за Шведска, но се чини дека тоа не функционира во обратна насока. Шведска треба да се фокусира на нивните вистински проблеми со криминалот“, дополни тој користејќи ја ознаката „ослободете го Роки“.



Врати се горе ↑