Видео

22 јули, 2019

Тракер знае дека таа е „Неволја“

Андреј Трајковски – Тракер го претстави видеото за својот нов сингл насловен „Неволја“, кој уште при првото слушање ветува дека ќе биде летен хит, покрај фактот дека за помалку од 24 часа собра над 30 илјади прегледи на Јутјуб. Станува збор за авторско дело на самиот Тракер, а аранжманот и продукцијата се на Иван Јованов – Ивајо, додека видеото го реализираше екипата на продукцијата „Год-ај“ (GodEye Production), под режисерската палка на Гордан Божиновски.

„Мене ми е повеќе од јасно, јас дадов сè, а барав малку време, но веќе е касно. Не играш фер, а иста си ко мене, тоа ми е јасно. Сега како да те преболам? Знаев дека си неволја, не неволја“, пее музичарот во новата песна, а како изгледа и звучи сето тоа, дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑