Македонија 10696337_689569504475125_7866684542194847966_n

12 март, 2015

Трајче специјален гостин на концертот на Тони Цетински во Белград

13-годишното момче од Струмица, кое уште со првиот настап  на „Пинковите ѕвездички“ го воодушеви целиот Балкан, Трајче Георгиев ќе има можност да запее со еден од своите најголеми идоли – хрватската ѕвезда Тони Цетински. Имено, познатиот музичар го поканил Трајче да му биде гостин на двата негови концерти, кои ќе се одржат деновиве во белградскиот „Сава Центар“. Цетински го поддржува нашиот Трајче уште од самиот почеток на натпреварот, а често знае да го пофали и на социјалните мрежи и интервјуа.

„Кога ме повикаа да дојдам во Белград, прво не знаев зошто, но кога ми рекоа дека ќе пеам со Тони Цетински, кој ми е идол, немаше посреќно дете од мене. Да пеам на толку голема сцена со својот идол е неверојатно. Не знаев што да кажам. Родетелите ми рекоа дека само ми се вцрвениле образите“, изјавил скромниот Трајче, кој утревечер ќе го видиме и во петтиот круг на „Пинковите ѕвездички“, а најавата за новата епизода и реакциите на жирито и публиката Ве очекуваат во продолжение.

 



Врати се горе ↑