Македонија 11898752_823148157783925_4137691737424063513_n

24 февруари, 2016

Трајче: „Сакам прво да изградам кариера на Балканот“

Талентираниот струмичанец, кој со учеството во „Пинковите ѕвездички“ ги освои срцата на публиката во целиот регион, Трајче Георгиев се подготвува за неговиот следен предизвик – да го освои светот! Имено, младиот пејач беше поканет да учествува на фестивалот „Најдобрата песна на светот“ (World’s Best Song) во Лос Анџелес. Со учеството на овој фестивал, младите уметници добиваат можност потполно да го искористат својот потенцијал и да стекнат светска популарност.

„Се подготвувам за Лос Анџелес и фестивалот за најдобра песна. Веќе се работи на песната и се надевам дека сè ќе помине како што треба. Фестивалот ќе се одржи на 9 и 10 септември, а потоа уште малку ќе останам во Америка“, изјави Трајче за „Пинк“, а на прашањето дали размислува за светска кариера одговори дека во преден план му е регионот: „Засега сакам да градам кариера на Балканот, да учествувам на фестивало, а подоцна ќе размислувам за светска кариера“.

Трајче во текот на натпреварот добиваше коментари дека е создаден за светската сцена, а ова е одлична можност да го постигне тоа. Му посакуваме многу среќа и се надеваме дека ќе успее во секоја своја намера!

Извор: Pink.rs

Фотографија: Фејсбук

 



Врати се горе ↑