13 декември, 2014

Трајче повторно воодушеви во „Ѕвездите на Пинк“

По одличната изведба на „When I Was Your Man“ од Бруно Марс, 13-годишниот Трајче Ѓоргиев од Струмица продолжи да го воодушевува жирито во емисијата „Ѕвездите на Пинк“, а неговиот кадифен глас ги освои симпатиите на целиот Балкан. Талентираниот струмичанец во третиот круг од натпреварот ја изведе добро познатата балада „Listen“ од Бијонсе, а како изгледаше сето тоа можете да видите горе. Како што пишува на неговата фан страница на Фејсбук, Трајче поминал со 5 ѕвездички и во четвртиот круг, а снимката ја очекуваме за 3-4 недели.

Покрај членовите на жирито, пофални зборови стигнаа и од други музичари од регионот, како што се Тони Цетински, кој напиша: „Ова дете е чудо!“, Елена Ристеска пак вели: „Горда сум на ова ’чудо од дете’! Горда сум што сум Македонка! Браво!“, а многмина додаваат и дека Македонија го доби новиот Тоше Проески… Со уште повеќе одлични интерпретации на Трајче можете да уживате на неговиот канал на ЈуТјуб.



Врати се горе ↑