19 јануари, 2015

Трајче повторно воодушеви со „Душо варљива“ од Лозано

Не запираат пофалните зборови за нашиот Трајче Ѓоргиев, кој со својот прекрасен вокал и беспрекорна интерпретација веќе 4 круга со ред добива максимални 5 ѕвезди на натпреварот „Пинковите ѕвездички“. По изведбите на „When I Was Your Man“ од Бруно Марс и „Listen“ од Бијонсе, Трајче овој пат настапи со, темата „Душо варљива“, која Влатко Лозаноски Лозано ја отпеа на фестивалот „Пјесме Медитерана“ во Будва, Црна Гора, во 2009 година и чии автори се Лазар Цветкоски (музика и аранжман) и Миодраг Врчаковски (текст).

Членовите на жирито, кои прв пат ја слушнаа оваа песна, уште еднаш го пофалија Трајче, а Гоца Тржан верува дека тој е еден од победниците.

„Секоја чест, Трајче! Феноменална интерпретација, браво, одлично. Не би коментирал повеќе, сè е кажано“, прокоментира Лозано за изведбата на овој негов познат хит, а како изгледаше сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑