Македонија 11885176_822808681151206_2154662965309014426_n

9 јануари, 2016

Трајче ќе го освојува светот!

Талентираниот струмичанец, кој ја освои публиката во регионот со своето учество во натпреварот „Пинкови ѕвездички“, Трајче Георгиев е поканет да учествува на фестивалот „Најдобрата песна на светот“ (World’s Best Song) во Лос Анџелес. Со учеството на овој фестивал, младите уметници добиваат можност потполно да го искористат својот потенцијал и да стекнат светска популарност. Фестивалот ќе се одржи на 9 и 10 септември 2016 година, а пејачите треба да испратат свои оригинални песни до крајот на јануари.

Трајче во текот на натпреварот добиваше коментари дека е создаден за светската сцена, а ова е одлична можност да го постигне тоа. Откако го освои целиот регион со својот глас, финалистот од „Пинковите ѕвездички“ е подготвен да го освои и светот! Му посакуваме многу среќа!

 



Врати се горе ↑