Видео

18 јули, 2019

Трајче Георгиев настапи на фестивал во Молдавија

Струмичанецот Трајче Георгиев е единствениот Македонец што настапи на годинашното, 14. по ред издание на меѓународниот фестивал „Лица на пријатели“ (Faces of Friends), кој од 14 до 16 јуни се одржуваше во молдавскиот град Кахул. Тој учествувал на овој фестивал на покана на директорот на фестивалот „Езерски бисери“, Марјан Кароски, а пред публиката се претставил со две песни – „Во твојот свет“ од својата сограѓанка Александра Јанева и „Show Must Go On“ од „Квин“.

Трајче во меѓувреме подготвува и две нови песни, а со една од нив ќе дебитира и на макфестовската сцена во Штип. За неговото деби на музичката сцена да биде што поуспешно, талентираниот пејач ги здружи силите со еден од најголемите хитмејкери во земјава и регионот, Лазар Цветкоски, а додека го очекуваме крајниот резултат од оваа соработка, уживајте со одличниот настап на фестивалот во Молдавија.

Извор: Струмица.нет



Врати се горе ↑