Свет natina-reed

30 октомври, 2012

Трагично загина пејачката Натина Рид

Натина Рид, поранешна членка на РнБ групата Блек (Blaque), во петокот трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во Лоренсвил, Џорџија каде што беше удрена од кола додека ја преминуваше улицата. Несреќата се случи само два дена пред нејзиниот 33ти роденден.

Бендот во кој членуваше Рид беше составен уште од Бренди Вилијамс и Шамари Фирс-ДеВо. Тие се залагаа за „Believeing, Life, Achieving, Quest, Unity Everything – BLAQUE“ (Верба, живот, постигнување, потрага, единство на сè). Итоимениот деби албум ги содржи полуларните хитови „808“ и „Bring It All to Me“. Најголемо влијание врз групата имала починатата членка на триото ТLC, Лиса „Лефт Ај“ Лопез. Покрај гостувањето во видео спотовите на нејзините колеги Лудакрис, Лил Ким и Корапт, во 2000 година Рид играше помала улога и во популарната навивачка комедија „Bring It On“, во кој главните улоги ги имаа Кирстен Данст и Гејбриел Јунион. 

Откако ја дознаа веста за смртта на Рид, поранешните членки на бендот ја дадоа следната изјава за Е!(Entertainment News):

„Ние сме потиштени од загубата на нашата членка на бендот, сестра и пријателка Натина Рид. Поради големата поддршка од фановите на групата и нашата заедничка љубов, Блек оваа есен повторно се собра и бевме во процес на снимање на нов албум и реално шоу. Натина континуирано го отелотворуваше пионерскиот дух на Блек и нејзината неповторлива креативност ги допре срцата на фановите насекаде. Натина беше мајка, сестра, успешен текстописец, артист и пријател. Ве замолуваме да се молите за нејзиното семејство во овие тешки моменти. Таа засекогаш ќе недостига и нејзиното глобално влијание ќе се чувствува вечно. Му благодариме на Господ за искуствата што ги поделивме.“

Рид беше мајка на десетгодишниот Трен Браун, кој го имаше заедно со нејзиното долгогодишно момче, раперот Kurupt.



Врати се горе ↑