Концерт

3 јануари, 2019

Традиционален новогодишно-божиќен концерт на струмичките гимназијалци

Традиционалниот новогодишно-божиќен концерт на учениците од СОУ „Јане Сандански“ ќе се одржи в петок (4 јануари) на големата сцена на НУЦК „Антон Панов“ во Струмица. Годинашново, деветто издание на празничниот и тематски концерт го носи името „One Way Ticket“. Музичарите и солистите од струмичката гимназија ќе ги исполнат хитовите кои ги полнеле подиумите во минатиот век.

„Се надевамe дека публиката ќе ужива во заразните диско-звуци од АББА, ’Би-Џиз’, ’Бони Ем’ и многу други изведувачи“, информираат од гимназијата „Јане Сандански“.

На концертот ќе настапат солисти, инструменталисти, хорски и танчарски групи под менторство на професорите Анита Станковска, Денис Кирчанов и Полина Ашикова. Покрај првиот концерт, кој е закажан во 19 часот в петок, заради големиот интерес на публиката, веднаш ќе се одржи и вториот.

Средствата од концертот ќе бидат наменети за обезбедување музичка опрема во кабинетот по музика на струмичката гимназија.

МИА



Врати се горе ↑