Концерт Boziken-koncert_skopski_solisti2

3 јануари, 2014

Традиционален Божиќен концерт на Скопските солисти

Традиционалниот Божиќен концерт ќе се одржи на 8-ми јануари, среда во Универзална сала во Скопје, со почеток во 20 часот. Ќе настапи примадоната Весна Гиновска – Илкова, сопран, првенец на Македонската опера и балет, Хорското студио „Рустико“, а под диригентската палка на познатиот бугарски диригент Андреј Андреев.

Публиката ќе ужива во делата на Вивалди, Хендл, Моцарт, Чајковски, Запров и Барток. Концертот го организираат Универзална сала и камерниот оркестар Скопски солисти од Скопје под раководство на проф. м-р Васил Атанасов.



Врати се горе ↑