Концерт zlata-meglenska-640x412

5 јануари, 2017

Традиционален божиќен концерт на хорот „Св. Злата Мегленска“ во црквата „Пресвета Богородица“

Хорот „Св.Злата Мегленска“ на 7 јануари ќе одржи традиционален концерт „Божик-слава“ во градската православна црква „Пресвета Богородица“, со почеток во  19.30 часот. Влезот е слободен.

„Станува збор за хуманитарен концерт. Ве повикувам да бидеме хумани! На влезот во црквата ќе бидат поставени кутии за донација. Присутните на концертот можат да донираат доброволно, а собраните сретства ќе им бидат доделени на ранливата категорија на луѓе и деца со посебни потреби“, вели диригентката на хорот, Летка Димовска-Полизова.

На концертот ќе гостуваат младинскиот црковен хор „Св. Кирил и Методиј“ од Повардарската епархија, детскиот хор „Фалсето“ од МОБ и камерниот хор „Херувими“ од Скопје, како и солистите Билјана Стефансон од Шведска, Лилјана Јовановиќ од Србија и Дарко Нешовски од Скопје.

Покровител на концертот е сопругата на Претседателот на Република Македонија, Маја Иванова.

15780684_10153953742660670_8123715100284069868_n

Извор: Курир



Врати се горе ↑