Македонија totalno-opushtanje

27 септември, 2013

Тотално Опуштање наскоро со нов албум

Снимањето на новиот, петти по ред албум на Тотално Опуштање се одвиваше во „Студио Кај Трајче“ во текот на септември 2013 и истото е завршено. Музички продуцент, како и на претходните две изданија е нивното пријателче Дарко Поповски Блуз. Материјалот се дотерува и наскоро ќе биде достапен за јавноста.

Со овој албум групата го одбележува својот 20 годишен јубилеј, а богами до крајот на годинава ќе биде промовиран и концертно. Како изгледаше целиот тој процес можете да видите на фотографиите од снимањето.

Во продолжение погледнете го и нивниот нов видео запис за темата „Јас не се предавам“.

 

Корисни линкови:
Линк 1
Линк 2
Линк 3
Линк 4
Линк 5

 



Врати се горе ↑