Балкан Nevena

12 декември, 2012

Тоше Проески вечна инспирација за младите пејачи

Дека Тоше Проески е идол, пример и инспирација за многу млади пејачи е факт кој го потврдува и младата српска натпреварувачка на талент шоуто „Првиот глас на Србија“Невена Божовиќ. Таа во интервју за спрскиот портал Трачара изјавила дека најголема инспирација ѝ се Мараја Кери и Тоше Проески. За време на нејзините претставувања во ова шоу, од нејзиниот талент биле воодушевени Марија Шерифовиќ и Тијана Дапчевиќ. Божовиќ во моментов е една од финалистите за „Првиот глас на Србија“, а во продолжение погледнете го нејзиниот настап каде што пее една од најубавите македонски песни „Зајди зајди“.

Извор и фото: Трачара



Врати се горе ↑