Балкан tose-proeski1

18 април, 2013

Тоше Проески ќе добие улица во Сараево

Улица, плоштад или дом на културата во Сараево ќе го носи името „Тоше Проески“, а оваа одлука заеднички ја донесоа градоначалникот на Сараево и амбасадорот на Македонија во Босна и Херцеговина.

Македонскиот амбасадор Рами Реџепи ја покренал оваа иницијатива за време на средбата со градоначалникот на Сараево, Иво Комшиќ, кој го поддржал овој предлог, истакнувајќи дека трагично починатиот македонски пејач Тоше Проески бил хуманист и пријател на Сараево, стои во соопштението од Управата на градот, а пренесува „Дневни аваз“.

 



Врати се горе ↑