Свет Gotye

3 декември, 2012

Топ 10 најпродавани синглови за 2012 година

Светскиот музички хит „Somebody That I Used To Know“ на австралискиот пејач Готје е најпродаван сингл во 2012 година во Велика Британија. Оваа нумера, која е продадена во 1.28 милиони примероци, била на првото место на британските топ листи пет недели со ред. На второто место се најде хитот на канадската пејачка Карли Ре Џепсен „Call Me Maybe“, а на трет најпродаван сингл е нумерата „We Are Young“ од канадската поп-рок група Фан.

Четвртото место го зазеде „Titanium“ на Дејвид Гета, а Ники Минаж се најде на петтата позиција со „Starships“. Останатите пет позиции се резервирани за „Domino“ на Џеси Џеј, „Payphone“ на Марун 5 и Виз Калифа, „Wild Ones“ на Фло Рајда и Сиа, мегахитот „Гангнам Стајл“ е на деветтото место, а на десеттото „Next To Me“ на Емели Сенди.

Во продолжение да го слушнеме најпродаваниот сингл за оваа година, но во изведба на Walk Off The Earth, кои направија една од најдобрите преработки на овој хит.

 



Врати се горе ↑