Аудио

23 мај, 2019

Тони Зен со песна посветена на Скопје

Тони Зен неодамна го најави својот нов, шести по ред студиски албум „Од изворот на изборот“, а како прв сингл беше објавена темата „Коан“. Новото издание веќе е пуштено во продажба од вчера, па по тој повод музичарот објави уште една нова песна, која му ја посвети на својот роден град Скопје. Како и на останатите седум песни, автор на стиховите е самиот Тони Зен, додека на музиката и аранжманот работеше заедно со Кирил Бабамов и Ратко Даутовски.

„Град липа, премногу те сакам, колку и да смрдиш, јас нема да те оставам! Град липа, премногу сме блиски, иако повеќе не можам да те препознаам. Град липа, од година во година сите искуства низ тебе јас ги поминав. Град липа, премногу те сакам и кај да одам, пак се враќам“, пее Тони во новата песна, која можете да ја слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑