Аудио tz-mm-b-r4y

9 јануари, 2015

Тони Зен сними песна со Марк Морисон и Бобо

Покрај самостојниот материјал, Тони Зен е познат и по бројните соработки со колегите од македонската, но и балканската музичка сцена, а неговата најнова колаборација го вклучува светски познатиот англиски музичар Марк Морисон. Љубителите на „олд скул“ ар-ен-би и хип-хоп музиката сигурно добро го паметат неговиот најпознат хит од 1996 година – „Return Of The Mack“, кој се најде на истоимениот деби албум на 42-годишниот музичар.

Токму во тој стил е и заедничката тема на Морисон, Зен и бугарскиот рапер Бобо („Дим да ме њама“,„Ова е твое време“), која го носи насловот „Ready 4 You“. Ова, како што го опиша Тони, „свежо парче, ретро звук“ е продуцирано од „Фрик колектив“ (FREAK Collective), а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑