12 јуни, 2013

Тони Зен претстави нова песна – „Светот е твој“

Непосредно пред заминувањето во Бугарија, каде што ќе настапи во рамките на „359 Хип-хоп фест“, Тони Зен ја претстави неговата нова песна насловена „Светот е твој“ во која гостуваат колегите Бобо, Тамара и Нино Васков. Бобо сирурно ќе го препознаете како дел од бугарскиот хит „Дим да ме њама“, кој беше одлично прифатен и од македонската публика.

За „Светот е твој“ е снимен и видео запис за кој се искористени снимки од патувањето низ Европа на Тони Зен и Хисар Травел. Видео записот се промовира осум дена пред настапот на Зен на бугарскиот „Хип-хоп фест“ кој ќе се одржи на 20-ти јуни во Пловдив, а ќе трае три дена. Нашиот рапер е единствениот македонски артист во рамките на овој фестивал, а ќе настапи првата вечер кога е предвиден и настапот на светски познатиот рапер Рик Рос.

 



Врати се горе ↑