Македонија

30 септември, 2016

Тони Зен номиниран за најдобар балкански изведувач на европските музички награди на Ем-ти-ви

Започна гласањето за годинешните европски музички награди на Ем-ти-ви, а после минатогодишната победа на Даниел Кајмакоски, кој ја освои наградата Најдобар изведувач на Балканот, овој пат во истата категорија номиниран е Тони Зен. Познатиот хип-хоп музичар е во конкуренција со доста познати имиња од регионот, како што се „Елементал“, „С.А.Р.С.“, „Сидарта“ и Лус, а за да го поддржите можете да гласате на ОВОЈ ЛИНК!

„Ништо не е случајно. Јас го избрав овој пат, ’Свесност, будност’ е мојата порака. Ви благодарам на сите што постоите во ова време и што ме поддржувате“, изјави Тони.

1474975013toni_zen_ema2016

Според бројот на номинации предводат Бијонсе и Џастин Бибер, кои се во трка во пет категории, а веднаш зад нив се Адел, „Колдплеј“, Лукас Греам и Шон Мендез со по четири номинации. Шанса да освојат по три европски музички награди на Ем-ти-ви имаат Ријана и Дрејк, кои заедно се натпреваруваат во категоријата Најдобра песна со хитот Work. Покрај нив, за титулата сопственик на најдобра песна се натпреваруваат и Адел со Hello, Џастин Бибер со Sorry, Лукас Греам со баладата7 Years и Мајк Поснер со летната химна I Took А Pill In Ibiza.

Доделувањето на европските музички награди на Ем-ти-ви за 2016 година ќе се одржи на 6 ноември, недела, во Ротердам, во Холандија. Гласањето во сите категории е во тек, а ќе заврши во сабота, 5 ноември, во 23.59 часот.

2016_mtv_vma_logo-svg



Врати се горе ↑