16 декември, 2012

Тони Зен и „Д хаундс“ Ви посакуваат „Среќна Нова“

Алтернативниот панк-рок состав од градот под Марковите кули – „Д хаундс“ (The Hounds) во соработка со Тони Зен снимија една интересна пародична песна насловена „Среќна Нова“, а истата си доби и свој видео запис во режија на Даниел Јовески. Музиката е на „Д хаундс“, а текстот заеднички го потпишуваат со Тони Зен. Аранжманот е на „Д хаундс“ и Нино Васков. Нино се потпишува и на продукцијата заедно со „Стерео Рекордс“. Придружните вокали се на Марија Бунда.



Врати се горе ↑