10 јуни, 2016

Тони Зен и Сиги ќе ви кажат колку е „Прљаво на Балкан“

Познатите хип-хоп артисти Тони Зен и Сиги во средата, 8 јуни, во киното „Синеплекс“ ја промовираа својата нова соработка насловена „Прљаво на Балкан“, која воедно претставува продолжение на темата „Под контрола“. Како автор на музиката се потпишува Матеј Џајковски, текстот е на Тони и Сиги, а интрото е на Бертан Аслани. додека видео записот го изработи екипата на продукцијата „БМА брадрс“, под режисерската палка на Мерт Аслани и по сценарио на Тони и Мерт.

Главната улога во „Прљаво на Балкан“ му припадна на познатиот актер Петар Арсовски, а се појавуваат и новинарот Васко Ефтов, Онур Мехмед, Марица Милошевска, Методиј Ристоманов и Далибор Арсовски. Целиот спот е снимен во Скопје, во два дена на снимање, а тимот на „БМА“ се заблагодарува и на ренџерскиот баталјон на АРМ. Во снимањето на оваа интересна приказна учествуваа 30 војници, специјалци, со три воени возила и околу 70 статисти.

Тони Зен ја започна приказната со „Под контрола“, ја продолжува со „Прљаво на Балкан“, а до крајот на годинава, тој и „БМА брадрс“ ќе ја заокружат оваа трилогија со видео кое ќе трае од осум до петнаесет минути. Како звучи и изгледа „Прљаво на Балканот“ можете да погледнете горе, а повеќе детали околу целиот проект во прилогот од емисијата „Урбан таг“.

13406859_1105740482815473_6613166175832113279_n



Врати се горе ↑