Аудио 960194_620295678026625_1407744826_n

29 ноември, 2013

Тони Зен и Даниел Кајмакоски со заедничка песна

Момчето кое го воодушеви целиот Балкан, еден од македонските кандидати на X FactorДаниел Кајмакоски се јавува како гостин на една од песните од новиот албум на Тони Зен насловен „Микро Скопски Организам“. Веќе е познато дека Кајмакоски е автор на големиот хит „Не се враќаш“, кој го отпеа Каролина Гочева, а овој пат покрај потписот на музиката која ја напиша заедно со Нино Васков, Даниел пее и дел од баладата насловена „Слобода“. Како звучи оваа соработка можете да слушнете во продолжение.

 

Деновиве беше објавено и уште едно видео во кое Даниел со гитара во рацете го пее и познатиот хит сингл од британската пејачка Џеси Џеј, темата „Price Tag“. Во продолжение уживајте со оваа одлична изведба.

 



Врати се горе ↑