Концерт tz-bb

11 февруари, 2015

Тони Зен и Бобо ќе ја загреат атмосферата пред „Блекстрит“

Како што Ви пренесовме неодамна, „Иноватива груп“ и „Симфоникс ентертејнмент“ од Бугарија за прв пат во Македонија го носат култниот американски ар-ен-би состав „Блекстрит“, чиј концерт е закажан за утревечер, 12 февруари, во клубот „Станица 26“, со почеток од 23 часот. Пред настапот на популарната група, атмосферата ќе ја загреат македонскиот урбан хип-хоп артист Тони Зен со диџеј сет и музика посветена на деведесеттите и Бобо од Бугарија со неговиот бенд.

Влезните билети чинат 350 денари и истите можат да се купат од билетарницата на „Станица 26“, на денот на концертот.

„Блекстрит“ е американска ар-ен-би и соул група формирана во Њујорк, САД. Тие се појавуваат на сцената во 1991 година. Во 1993 година, групата го издаваат својот деби албум „Blackstreet“. Групата ја следи голем успех и со вториот албум „Another Level“, кој го надминува успехот на првиот и се пласира на третото место на американската Билборд листа. Во голема мера успехот се должи на големиот хит сингл „No Diggity“, кој е изработен во соработка со Д-р Дре.

 



Врати се горе ↑