Македонија toni-zen

6 септември, 2013

Тони Зен го освои врвот на „Домачица“

После 1 неделa на второ место, познатиот македонски хип хоп изведувач и продуцент Тони Зен успеа да се искачи на врвот на познатата топ листа „Домачица“ која е дел од музичкиот регионален ТВ канал МТВ Адриа со песната „Светот е твој“. Темата е соработка меѓу Тони Зен и бугарскиот хип хоп музичар Бобо, познат по хитот „Дим да ме њама“.

 

Темите „Надвор/Повеќе од рапер“, „Под контрола“, „Исти“ исто така беа на топ листата МТВ Домачица и се најава за неговиот нов албум „Микроскопски организам“ кој се очекува да излезе на крајот на септември.

„Првото место на една ваква топ листа за која гласовите ги даваат фановите од целиот Балкан ме прави пресреќен. Задоволство е да го работиш она што го сакаш, но задовлоствoто е посилно кога луѓето те поддржуваат и им се допаѓа она што ќе им го понудиш. Полека го привршувам новиот албум кој се надевам исто како и „Светот е твој“ ќе ја освои публиката…. во овој момент само можам да им ветам дека начинот на кој ќе допре до нив ќе биде поинаков и помоќен“– изјави Тони.

Снимениот видео запис за „Светот е твој“ е во продукција на BMA BROTHERS, а песната како и целиот албум се снимени и продуцирани во студиото STEREO RECORDS на Нино Васков.

Оваа топ листа ги претставува 20-те најдобри балкански видео записи, а за нив гласаат фановите од земјите на балканските простори.



Врати се горе ↑