14 март, 2013

Тони Зен е „Под контрола“

Синоќа во просториите на киното „Синеплекс“ во Скопје, Тони Зен ја промовираше својата нова песна заедно со видео записот за истата. Песната насловена „Под контрола“ претставува дел од трилогијата на Тони. Позади видео записот стои продукцијата BMA Brothers, визуелизиран е од Тони Зен, а режијата е на Мерт Арслан и Антонио Павловски. Музиката е дело на Нико Васков, а текстот е на Тони.

Темата на оваа песна го опишува глобалниот систем и неговото влијание врз човештвото кое живее под страв и притисок поради недостигот од информации и манипулирање. Песната ќе се најде на новиот албум на Тони Зен,  насловен „Микроскопски организам“, кој треба да биде издаден оваа година.



Врати се горе ↑