Македонија

24 септември, 2018

Тони Шоу за 15 години кариера ќе ја промовира „Она ме вози“

По повод 15 години соло-кариера, под псевдонимот „Тони Шоу“, на 26 септември, среда, во 20.30 часот  во скопското бистро „Бугати“ македонскиот поп-изведувач ќе промовира нова песна и видеоспот под наслов Она ме вози“Автор на музиката и стиховите е самиот Тони Шоу, додека  аранжманот го направил Стевче Грозданов. Песната е снимена во студио „Ентерпрајс“ кај Валентино Скендеровски.

Видеото е изработено во сопствена режија на „Тони Шоу МК мјузик“, со помош на видеоснимателот Здравко Петрушевски, како и Стевче Грозданов, а снимањето се одвиваше на неколку локации во Скопје, фудбалското игралиште на ФК Македонија и бистрото „Бугати“.

Во својата 15-годишна соло-кариера, Тони има десетина фестивалски настапи, дваесетина авторски песни, како и еден албум – „Слатка мала“.  Вториот албум е на половина пат, а овој македонски музички уметник досега снимил и 6 спота, меѓу кои и оној за преработка на големиот хит од деведесеттите – Слуга и цар“ на дуото „Коктел“.

Извор: Вистина.мк



Врати се горе ↑