Видео

27 септември, 2018

Тони Шоу прослави 15 години „естрадно возење“ со „Она ме вози“

По повод 15 години естрадна соло-кариера под уметничко име  „Тони Шоу“, вчеравечер, среда, 26 септември 2018, во 20.30 часот во скопското бистро „Бугати“ македонскиот поп-изведувач пред претставниците на медиумите, колегите, соработниците, спонзорите и пријателите ја  промовираше новата песна и видеото за неа насловени „Она ме вози“.

Музикатата и стиховите како автор ги потпишува е самиот Тони Шоу, додека  аранжманот го направил неговиот пријател, колега и соработник, гитаристот Стевче Грозданов. Песната е снимена во студиото „Ентерпрајс“ кај познатиот продуцент, музичар и професор по музика Валентино Скендеровски.

Спотот е изработен под етикетата на „Тони Шоу МК мјузик“, со помош на  видеоснимателот Здравко Петрушевски, додека режијата е на Стевче Грозданов. Видеото е снимено на неколку локации во Скопје, фудбалското игралиште на ФК Македонија и бистрото „Бугати“.

Инаку, во својата 15-годишна соло-кариера Тони има десетина фестивалски настапи, дваесетина авторски песни, како и еден албум – „Слатка мала“.  Вториот албум е на половина пат, а овој македонски музички уметник досега снимил и 6 спота, меѓу кои и оној за преработката на големиот хит од 90-ите – „Слуга и цар“ на дуото „Коктел“.

Како звучи најновата доза  полнокрвен рокенрол преточена во „Она ме вози“ на Тони Шоу и како изгледа нејзината едноставна, но мошне забавна и интересна визуализација, проследете во продолжение. Уживајте!

Извор: Вистина.мк



Врати се горе ↑