Балкан toni_cetinski

17 јануари, 2014

Тони Цетински подготвува нов албум и концерт во Скопје

Познатиот хрватски музичар Тони Цетински во ноември 2012 година го објави својот петнаесетти албум насловен „Опет си побједила“, а деновиве како последен сингл од ова издание ја претстави темата „К’о да је судбина хтјела“. Материјалот од последното издание Тони го промовира со чести настапи во Хрватска и регионот, а во рамките на концертната турнеја која ќе се одржува во февруари и март, за 29-ти март е закажан и концерт во Скопје во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Најавувајќи го актуелниот сингл, музичарот на својата фејсбук фан страница најави дека наскоро ќе влезе во студио: „Новиот радиски сингл „К’о да је судбина хтјела“ е последен сингл од актуелниот албум „Опет си побједила“ бидејќи Тони и проверениот тим на соработници наскоро ќе влезат во студио и за 2014 година подготвуваат нови хитови.“

 

 



Врати се горе ↑