Аудио

6 февруари, 2018

Тони Цетински најавува нов албум со „Као у сну“

Популарниот хрватски музичар Тони Цетински деновиве ја објави својата песна насловена „Као у сну“, со која го најавува новиот албум што ќе го носи истиот наслов.

„Соништата постојат за да се сонуваат, но не се сите сонови убави. Сепак, оваа песна е еден од моите поубави сонови. Затоа по неа и албумот ќе се вика ’Како во сон’. Немојте никогаш да престанете да сонувате за подобро утре, никогаш не откажувајте се од своите соништа за љубовта и за животот, а јас ви посакувам да ви исполнат најдобрите соништа, баш како што ми се исполнија и мене“, порача музичарот, најавувајќи го новиот сингл, чии музика и текст ги потпишува Амил Лојо, аранжманот е на Марко Војводиќ, а музички продуценти се самиот Тони и Игор Ивановиќ. 

„Кога обожавателите со години те поддржуваат во музичката работа, истовремено си на врвот на сцената, а за концертите секогаш се бара влезница повеќе, сè што можеш да кажеш е дека живееш како во сон. Токму тоа го направи музичарот и човекот, кој секогаш ја истакнува љубовта како свој двигател и животно мото – Тони Цетински“, додаде тој, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑