Балкан

20 септември, 2018

Тони Цетински ја прослави годишнината од бракот со песна

Тони Цетински ја прослави годишнината од бракот со својата сопруга Дубравка, на која секогаш сака на специфичен начин да ѝ покаже колку таа е посебна за него, па овој пат ѝ подари песна соодветно насловена „Ја не знам никог бољег од тебе“ или „Јас не знам никој подобар од тебе“.

„Мирослав Рус во секој момент знае низ што поминувам и низ што минував порано, а оваа песна е најдобриот начин да опишам што чувствувам за мојата сопруга. Му благодарам за најдобриот подарок кој јас и мојата сопруга може да го замислиме за петгодишнината од бракот“, рече Цетински, а како звучи и изгледа сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑