Балкан toni-cetinski-zeljko-joksimovic-najava-duet-snapshot

18 ноември, 2013

Тони Цетински и Жељко Јоксимовиќ најавија дует

Покрај ангажманот во регионалното издание на музичкиот натпревар X Factor, српскиот музичар Жељко Јоксимовиќ активно работи и на подготовка на нова музика во неговото студио Минакорд, а токму таму се подготвува една интересна соработка, односно дует на две познати балкански ѕвезди. Имено, деновиве се појави едно кратко видео во кое Јоксимовиќ заедно со неговиот колега од Хрватска, познатиот музичар Тони Цетински, најавуваат заедничка песна која би требало да излезе наскоро и како што вели самиот Жељко, се надеваат дека ќе им се допадне на публиката. Со оглед на тоа што станува збор за веќе докажани хитмејкери, несомнено е дека и од оваа соработка ќе се роди голем хит. Видео најавата можете да ја видите во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑