Балкан toni-cetinski

14 ноември, 2012

Тони Цетински е подготвен за нов брак

Хрватската поп ѕвезда Тони Цетински признал дека насловната нумера од неговиот албум „Опет си побједила“ го посветил на неговата поранешна сопруга Ивана. Цетински во неодамна дадено интервју за спрски Прес, открил дека е подготвен повторно да стапне на лудиот камен и покрај тоа што позади него има веќе два пропаднати брака, додавајќи дека според него потпишувањето на тоа парче хартија е само работа за адвокатите, а љубовта не зависи од таа хартија, но можеби ќе има трета среќа ако фати златна рипка.

Во врска со песната, тој изјавил дека неговиот кум Миро, со кој поминува голем дел од времето, знаел низ што поминува тој, па едноставно ги преточил неговите чувства во песна.

 



Врати се горе ↑