Свет toni-braxton-500x281

11 февруари, 2013

Тони Брекстон: Време е за пензија

Четириесет и петгодишната пејачка Тони Брекстон изјави дека нејзиниот шести студиски албум „Pulse“, објавен пред три години, е воедно и нејзин последен албум.

„Веќе нема да снимам албуми. Толку од мене. Едноставно повеќе не чувствувам љубов кон музиката како порано, а не сакам да работам нешто ако не можам во него да ги внесам моите емоции“ – изјави Брекстон, која пред две години објави дека боледува од автоимуната болест лупус, поради што во изминатата година два пати беше хоспитализирана.

„Се чувствувам добро физички, но емотивно веќе не сум во музиката. Можеби тоа е криза на средните години, наречете го како сакате. Можеби ќе направам некоја проштална турнеја, но можеби и нема“ – додаде пејачката. Во својата кариера Брекстон сними шест студиски албуми и освои осум Греми награди. Нејзин најголем хит е „Unbreak my heart“ од 1996 година.

 



Врати се горе ↑