Свет tony_braxton_twitter_screenshot

21 јуни, 2013

Тони Брекстон се враќа со нов албум

Иако на почетокот на годинава го најави своето пензионирање од музичката сцена, Тони Брекстон деновиве најави нов албум. Имено, во една епизода од ТВ серијалот „Braxton Family Values“, во кој пејачката учествува заедно со нејзината мајка и нејзините сестри, открила дека планира „големо враќање“, а информацијата ја потврдила и на својот профил на  Твитер. За сега нема други информации за нејзиниот седми студиски албум, освен тоа дека ќе пристигне веќе во септември, како и тоа дека за продукцијата бил задолжен познатиот музичар Кени „Бејбифејс“ Едмондс, добитник на 10 Греми награди и соработник на изданијата кои ги објавиле изведувачи како што се Витни Хјустон, Мајкл Џексон, ТиЕлСи и многу други.

Последниот албум на Брекстон – „Pulse“ беше објавен во 2010 година, а во продолжение да се потсетиме на еден нејзин голем хит од 1996 година, песната „You’re Makin’ Me High“, која се најде на вториот студиски албум насловен „Secrets“.

 



Врати се горе ↑