Свет lady-gaga-tony-bennett

25 март, 2013

Тони Бенет и Лејди Гага: Започнуваме со снимање во јуни

Информацијата за заедничкиот џез албум на Тони Бенет и Лејди Гага, деновиве ја потврди и самиот Бенет, додавајќи дека планираат да започнат со снимање во јуни. Гага неодамна беше присилена да ги откаже сите преостанати настапи од актуелната „Born This Way Ball“ турнеја, поради повреда на колкот која мораше итно да се оперира. Сега, во интервју за магазинот Rolling Stone, Бенет потврди дека тој и Гага и покрај нејзината здравствена состојба планираат да продолжат со соработката: „Ќе работиме на новите материјали од сега па сè до јуни, а тогаш почнуваме со снимање. Таа е феноменална, одлично се согласуваме. И двајцата се радуваме на овој проект.“

Бенет и Гага заедно ја снимија обработката на песната „Lady Is A Tramp“, која е објавена на неговиот албум „Duets II“. Тој во октомври минатата година изјавил дека нивниот албум ќе докаже дека Гага е „една од најдобрите џеј пејачки кои некој некогаш ги чул“.

Минатиот месец беше објавено дека Лејди Гага поради откажувањето на тековната турнеја би можела да претрпи финансиска загуба од дури 24 милиони долари. Нејзиниот трет албум „ARTPOP“ се очекува оваа година.

Извор: NME



Врати се горе ↑