Македонија Emil Arsov

17 ноември, 2012

Тончи Хуљиќ пишува песни за Емил Арсов

Како што пренесува „Вечер“, младиот талентиран пејач Емил Арсов, ќе продолжи да го освојува Балканот. Имено по неговото учество на „Ѕвездите на Гранд“, каде што успеа да ги освои симпатиите на публиката, Арсов изјави дека неодамна потпишал договор со хрватскиот композиторт Тончи Хуљиќ. Тандемот веќе изработил 2 песни кои наскоро треба да се појават во јавноста.

Емил за оваа соработка изјавил: „Проектот што го правам заедно со Тончи ќе излезе точно на Нова година. Ќе бидам дел од новогодишната емисија на хрватската национална телевизија и таму ќе го испромовираме сработеното“, додавајќи  дека честа да се соработува со професионалец од калибарот на Хуљиќ е голема.

Пејачот, кого јавноста го запозна пред многу години преку музичкото шоу М2, напорно работи и за нашиот пазар. Она што го подготвува за фановите од кај нас е нов видеозапис за „Без тебе“, песна која беше изведена на Охрид фест. Кадрите за видеото ќе се снимаат оваа недела, а неодамна настапи и на фестивалот за забавни мелодии МакФест, каде што се претстави со композицијата „Главна улога“.



Врати се горе ↑