19 јануари, 2013

Тончи Хуљиќ се враќа со нов сингл „Кекереке“

Година и пол по објавувањето на успешниот албум „Ка хашиш“, хрватскиот музичар Тончи Хуљиќ има нов сингл со необичен наслов „Кекереке (Чучај мала)“. И додека во сингловите „Анаркишта (Робија)“, „Америка“, „Ка хашиш“ и „Провиденца“ од најгледната хрватска серија „Изборот на Лара“, ги опишуваше начинот и филозифијата на живот во далматинскиот залив користејќи стар сплитски дијалект, новиот сингл е наменет  пред сè  за клубските простори. 

Покрај претставувањето на новиот сингл, Хуљиќ е зафатен со снимањето на уште два нови сингла од кои еден е во соработка со Теди Спалат„Ја сан ројен да ми буде липо“ и „Боље одат него стат“ за филм „Bella biondina“.

 



Врати се горе ↑