Видео

25 април, 2019

Томче и Шарки ќе ви објаснат што значи кога животот ти е како на „Коцка“

Двоецот Дарко – Шарки и Томче го промовираше новиот сингл „Коцка“, зад кој стои авторскиот тим Ангел Ќосев, кој ги напиша музиката и аранжманот, и Андријана Маркоска, која е коавторка на музиката и авторка на стиховите.

Спотот  го направил уметничкиот фотограф и режисер Дарио Јанковиќ, а снимен е на браната Козјак и казиното „Винер“ кај Чешма, во Кисела Вода, каде што и се одржа промоцијата на која водител беше популарната Александра од „Брза кујна“.

Песната покрај македонската има и српска верзија насловена „Коцкам се“ и истата Томче и Шарки за две недели ќе ја промовираат и во Белград. Снимена е во студиото „Подрумот“ со живи инструменти кои ги свират: Гоце Илиоски – тапани, Бока Конга – конги, Васил Потиров – бузуки, Никола Автовски – бас, Ангел Ќосев – клавијатури и Лидија Кочовска, која ги отпеала придружните вокали.

Како звучи и изгледа кога животот ти е како на „Коцка“, дознајте од Томче и Шарки во продолжение. Уживајте!

Извор: Вистина.мк



Врати се горе ↑