Аудио

26 февруари, 2019

Том Вокер има нов потенцијален хит со „Not Giving In“

Сопственикот на хитот „Leave А Light On“ и една од главните ѕвезди на годинашниот „Егзит 2019, Том Вокер го претстави својот нов сингл насловен „Not Giving In“, воедно најавувајќи го и деби-албумот „What A Time To Be Alive“, закажан за 1 март. 27-годишниот музичар и актуелен добитник на британската музичка награда за најдобар уметник во подем, чии претходни добитници се имиња како Сем Смит, Ед Ширан и Дуа Липа, овој пат пее за истрајноста и љубовта за себе.

„Никогаш нема да застанам, никогаш нема да се предадам“, пее шкотската ѕвезда, а како звучи „Not Giving In“ во продукција на Мајк Спенсер дознајте во продолжение.

 

Како што споменавме, новиот сингл е најава за првиот студиски албум на Вокер, каде што се сместени вкупно 13 песни, меѓу кои дуетот со шведската колешка Зара Ларсон (Now You’re Gone) и соработката со „Рудиментал“ за темата Walk Alone“, како и „Angels“, „My Way“, „Blessings“ и акустична верзија на „Just You And I“.



Врати се горе ↑